Министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Добри Петровски и претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, остварија работна посета на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча со ректорот проф. д-р Димитар Бело и со деканката на Филолошкиот факултет проф. д-р Јонела Спахо.
На овие средби се финализираа подготовките за вклучување на македонскиот јазик во наставно-образовната програма во рамките на Универзитетот „Фан С. Ноли“ од Корча како и се разменија идеи за зеднички програми и проекти помеѓу Универзитетот „Фан С. Ноли“ од Корча и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и други универзитети од Македонија.
На средбата како преставник од Македонската заедница во Албанија учествуваше и претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски.
©Македониум