ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА ВО НОВИ САД, СРБИЈА

Во организација на Македонското здружение “Свети Кирил и Методиј“ од Нови Сад, а во соработка со емисијата “Македонско сонце“ од Радио-телевизија Србија и со поддршка на Градската управа за култура на Град Нови Сад, Покраинскиот секретаријат за култура на Војводина и Владата на Македонија, неделава што измина во Културниот центар на Град Нови Сад се одржа Академија по повод Денот на Независноста на државата Македонија.

Во културно-уметничката програма настапија повеќе солисти, хористи и поети.

Присутните ги поздрави претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија.

Македонците и пријателите на Македонија имаа прекрасна вечер со богата културно-уметничка програма.

©Македониум