МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО СЛУЖБЕНА УПОТРЕБА ВО ОПШТИНА ПЛАНДИШТЕ!

Пландиште, Србија – Со свечена седница, на 27 декември 2012 година, советот на општина Пландиште го прогласи македонскиот јазик за службен јазик на подрчјето на општината. Покрај српскиот, румунскиот, унгарскиот и словачкиот јазик, македонскиот е четврт јазик во службена употреба на подрачјето на општина Пландиште.

На свечената седница на советот на општина Пландиште присуствуваа македонскиот конзул во Белград Марјан Јовановски, претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија Борче Величковски и генералниот секретар на Демократската партија на Македонците во Србија Радослав Стефановски.

Општина Пландиште се наоѓа во покраината Војводина, до општина Вршац, на границата на Србија со Романија. Според последните пописни резултати општина Пландиште брои 11.350 жители, а македонската заедница брои 1.277 Македонци или 11% од вкупното население. (Македониум)