Концерт на Влатко Стефановски – Трио во Тирана

Неизмерни чувства на емоции, душевни вибрации и задоволство, тоа е најкратката оцена за концертот на Влатко Стефановски – Трио во Тирана.

– Оваа жива македонска музичка легенда те прави горделив што си дел од едно фантастично музичко патување низ македонската ритмика исткаена на нашето културно наследство, изјави македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски.

Стефановски во Албанија поврза уште еден меридијан на просторите на земјите од Југоисточна Европа. Впрочем за тоа сведочеше присуството и амбасадорите на Македонија, Хрватска, Словенија и Србија. Неповторлив уметник.

©Македониум