Во Острени, областа на Голо Брдо се одржа 9-от куп во борење

По двегодишна пауза поради пандемијата, во Големо Острени, областа на Голо Брдо, повторно се одржа првенството во борење.

Ова беше 9-ти Куп во традиционалниот спорт во борење што се одвива во природа. Спортисти од различни возрасни групи, не само од областа на Голо Брдо, која традиционално во Албанија е позната по спортот на борење, туку и од Македонија, Косово, како и спортисти ветерани од овој спорт низ годините учествуваа на активноста.

Манифестацијата започна со традиционална македонска музика, ора и носии од областа на Голо Брдо.

Оваа активност ја организира општина Булќиза во соработка со здружението на борачи од Голо Брдо.

Градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала во поздравниот говор рече дека Острени веќе долги години пречекува стотици љубители на борењето.

– Јас без трошка двоумење можам да кажам дека во секое семејство во ова област има еден вистински шампион. Долги години Острени пречекува стотици љубители на борењето, но пред се` успеавте да го претворите овој спорт во вистинска прослава, рече Лефтер Ала.

На натпреварот имаше три групи, млади до 15 години каде победник беше Блаунд Битичи од Призерен, за втората група 15-20 години победник беше прогласен, Енрик Муча и за возрасната група над 20 години победник беше Арјан Данај од Острени, кој ги освои пехарот и овенот.

©Македониум