Министерот Попоски за барањето на Македонците во Албанија за нов попис

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, коментирајќи ги објавените резултати од Пописот во Република Албанија како и за барањата на македонското малцинство во Албанија за нов попис, изјави дека она што е значајно за секоја земја од регионот е при спробедување на такви операции да внимава на политичката чувствителност во тој контекст.
“Примена на тоа што е евростат методологија може секогаш да помогне. Знаме дека во овој дел од светот повеќе политичка отколку математичка тежина се дава на операцијата попис. Не би сакал да се остави какво било чувство на непочитување на определени процедури. И затоа во регионот државите треба да пристапат со определно ниво на политичка чувствителност бидејќи сите имаат мулткултурна и мултиетничка димензија”, порача првиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски.

Македонците во Албанија заедно со другите малцинства не ги признаа официјалните резултати од пописот во Албанија, сметајки го овој попис за фалсификуван и побараа спроведување на нов попис под меѓународен мониторинг. (Македониум)