Промовирана книгата на професор д-р Мариа Дојче за Македонците во Албанија

Во Спомен – музејот “Стерјо Спасе” во село Глобочени, Општина Пустец се промовира книгата “Хармониска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – Случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник” од професор д-р Мариа Дојче, истакната албанска интелектуалка.

Во Албанија, ова е прва вистинска социолошка студија за интеграција на дел од македонската заедница во албанското општество. Во овој контекст, оваа студија се фокусира на меѓусебните социо-културни влијанија меѓу Албанците и припадниците на македонската заедница во регионот на Корча.

Проф. д-р Мариа Дојче

Промотори на книгата беа проф д-р Ѓерѓи Пендавињи од Универзитетот “Фан Ноли”, Јорида Толкучи, директорка на градската библотека “Тими Митко” oд Корча, м-р Васил Стерјовски, како и самиот автор проф. д-р Мариа Дојче.

На промоцијата говореа и хрватскиот амбасадор во Албанија, Златко Крамариќ, заедно со македонскиот амбасадорот во Албанија, Данчо Марковаски, деканот на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Фан Ноли” од Корча, проф д-р Јонела Спахо и проф. д-р Катерина Тодоровска од Институтот за национална историја во Скопје.

На промоцијата учествуваа и префектот на Округот Корча, Нертил Јоле, претседателката на Советот на Округот Корча, Ана Веруши, градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, како и преставникот на македонското малцинство при Комитетот за националните малцинства, Марјана Костофски.

Настанот беше организаран во организација на Македонското друштво “Сонце”, од Албанија.

©Македониум