“Невестински соништа” на Битолскиот музеј за граѓаните од Драч

Во организација на македонската Амбасада вчера на 18 Мај, во Драч беше отворена изложба од богатиот фундус на Националната установа „Завод и Музеј“ Битола во Драч.

Изложбата „Невестински соништа, касели и ковчези“ од Битола и Битолско на авторките Мери Стојанова и Наде Геневска Брачиќ се реализираше во соработка со градоначалничката Емиријана Сако и археолошкиот музеј на Драч.

Уникатноста на поставката во која беа претставени градски носии и ковчези од крајот на 18 и почетокот на 19 век, предизвикаа внимание не само меѓу жителите на градот, туку и кај туристи кои престојуваат во овој медитерански град.

Во своето обраќање амбасадорот Марковски потенцирајќи го значењето на овој вид соработка меѓу Македонија и Албанија, повика на потребата од заеднички туристички настап на двете земји на меѓународниот туристички пазар, кои меѓу другото се поврзани и со Виа Игнација.

Изложбата беше повод и за потпишување на Меморандум за соработка меѓу двата музеи, коишто на пригоден начин го одбележаа и светскиот ден на музеите.

©Македониум