Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитки по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
Единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, посакува празничните денови да минат во среќа, радост и добро здравје.
– Честит големиот празник Рамазан Бајрам. Нека овие денови кај секој човек ги потврдат вредностите на слогата, толеранцијата и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот. Убедени сме дека пораката на големиот празник уште еднаш ќе потврди дека со заеднички напори можеме да одговориме на предизвиците со кои се соочува современиот свет и сите заедно ќе бидеме добар пример за идните генерации, наведува во честитката МАЕИ.
Во честитките по повод празникот се посакува „сите заедно да продолжиме со заемното одбележување на празниците на различните верски заедници, кои се столб на градење на соживотот”
©Македониум