Германскиот амбасадор: „Македонија се жртвува порано, сега на ред е Албанија“

Германскиот амбасадор во Албанија Петер Зинграф ја коментира изјавата на премиерот Рама дадена пред три дена во Берлин каде што рече дека доколку во јуни не се отворат преговори за Албанија од земјите од ЕУ, тој ќе бара отцепување од Македонија. Зинграф нагласува дека Македонија заслужува да се чека.

”За нас беше изненадување фактот што во овој процес се вмеша едно прашање меѓу Македонија и Бугарија. Во 2020 година Македонија мораше да ја чека Албанија во контекст на интегративниот процес и сега имаме иста ситуација. Сите работат со одреден притисок за да се избегнат и отстранат овие пречки што стојат на патот. Француското претседателство е подготвено да ја свика првата меѓувладина конференција во краток рок. Мислам дека Македонија заслужува да се чека и да се покажи солидарност со неа.”

Овие изјави беа дадени за време на дводневната посета на амбасадорот во регионот на Корча.

©Македониум