МАКЕДОНЦИТЕ ОД ПРЕСПА УЧЕСТВО НА ФОЛКЛОРНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ЃИРОКАСТРО ВО 1988 ГОДИНА (ВИДЕО)

Васил Стерјовски на својот фејзбук профил објави видео снимка од настапот на македонската фолклорната група од Пустец на фолклорниот фестивал во Ѓирокастро во 1988 година. Фолклорната група од Пустец изведува стари македонски ора од областа на Преспа, како “Жабче” или “Џиќино” кој денес речиси се заборавени.

Подолу статусот на Васил Стерјовски на неговта фејзбук страна поврзан со настапот на македонската фолклорната група од Пустец на фолклорниот фестивал во Ѓирокастро во 1988 година:

“НАСТАП НА МАКЕДОНСКАТА ФОЛКЛОРНА ГРУПА ОД ПРЕСПА НА ФОЛКЛОРНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ЃИРОКАСТРО ВО 1988 ГОДИНА.

Националниот фолклорен фестивал во Ѓирокастро е најважниот национален фолклорен настан во Албанија кој се одржува еднаш на секој пет години и на него учествуваат фолклорни групи од сите области на Албанија.

На повеќе пати македонските фолклорни групи од областите каде што живеат Македонците во Албанија ги имаат освојувани главните награди на овој фестивал.

За време на комунистичкиот период во Албанија, секое село имаше културен дом и своја фолклорна група. И покрај изолацијата, Македонците во Албанија го зачуваа својот фолклор и традиција.

Во 1988 година областа на Преспа на фолклорниот фестивал во Ѓирокастро ја преставуваше фолклорната група од село Пустец во следниот состав: Нада Танаси, Методи Сотир, Лилјана Јани, Стефан Стојани, Ана Сотири, Герман Ивани, Мина Ванѓеловска и Џоџи Јани.

Уживајте во настапот на македонската фолклорна група од областа на Преспа, општина Пустец со сплет од неколку брзи македонски ора како “Жабче”, “Ситното” и “Џиќино”.”- пишува Васил Стерјовски.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10223492812081976&id=1038927768