Се урна мостот на патот Кукс-Шиштавец, изолирани се жителите од македонската заедница во Гора

Лошото време кое од синоќа ја зафати Албанија направи некои села од областа на Гора да останат изолирани поради уривањето на мостот на патот Кукс-Шиштавец.

Претставници на општина Кукс и сообраќајната полиција го блокираа патот не дозволувајќи движење на возила од безбедносни причини.

Уривањето на мостот дошло како последица на обилните дождови кои го еродирале телото на мостот. Веќе е започната проценка на состојбите и експертите ќе работат на вонредно решение до конечно решение, додека до поправка на мостот жителите од македонската заедница мора да го користат граничниот премин Шиштавец-Крушеве со Косово за да дојдат до Кукс.

Во меѓувреме, на целиот пат Кукс-Шиштавец има присуство на камења на патеката поради дожд.

©Македониум