МАЕИ бара да не се попречуваат Македонците од Албанија за влез во Македонија

Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) бара од властите во Македонија да не се попречуваат Македонците од Албанија за влез во Македонија.

„Пред два дена, од страна на Македонските власти издадена е забрана за влез во Република Македонија на македонски државјани кои имаат коли со странски регистарски таблици. Поради ова одлука, Македонците од Албанија, кои се албански државјани и дел имаат и македонско државјанство, не можат да влезат во Република Македонија, бидејќи поседуваат коли со албански или други регистарски таблици.

Ова одлука најмногу економски ги погодува Македонците во Албанија кои што живеат во пограничните региони со Македонија пред сѐ во Општина Пустец и областа на Голо Брдо и кој секојдневно влегуваат во Македонија за сезонска работа или да пазарат“, се вели во реакцијата од МАЕИ.

Оттаму апелираат до македонските власти да ја ревидираат ова оддлука и да не се попречуваат Македонците од Албанија кој поседуваат коли со албански или други регистарски таблици за влез во земјава.

© Македониум