Доделена почесната награда “Илинден” на македонскиот амбасадор во Тирана

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и подпретседателот на друштвото, Незир Меча остварија средба со македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски и со тимот на Амбасадата на Република Македонија во Тирана. Во таа пригода, на амбасадорот му беше врачена почесната награда ”Илинден”.

Почесната награда “Илинден” е доделена како благодарност за односот и ангажирањето на македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски во правец на подобрување на состојбата на Македонците во Албанија.

Од своја страна, амбасадорот Марковски ги поздрави сите заложби, посветеноста и ангажманот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана во насока на унапредување на позицијата и правата на македонската заедница во Албанија.

© Македониум