Излезе од печат книгата “Јазикот и јазичните форми како идентитетска основа кај Македонците со исламска вероисповед”

Книгата е плод од истражувачки проект подржан од Комисијата за наука, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и како носител на проектот е Факултет за драмски уметности под раководство на професорите Валентина Божиновска и Тихомир Стојановски.

Според Тихомир Стојановски беше обработен поширок регион каде што живеат Македонците муслимани во областа Голо Брдо и областа Гора, во Албанија, Родопите во Бугарија како и областа Гора во Косово. Снимени се три документарни приказни и оваа книга е произлезена од тоа истражување.

© Македониум