Средба на амбасадорот Данчо Марковски со американската амбасадорка Јури Ким

Амбасадорот Данчо Марковски реализираше средба со американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким. Разговорот беше искористен за меѓусебно информирање за актуелните состојби во регионот на Западен Балкан во светло на последните случувања предизвикани со воената агресија над Украина.


Данчо Марковски и Јури Ким

Како што информираат од македонската амбасада во Тирана, Американскиот хомолог беше информиран за досегашните активности на Владата на Северна Македонија во насока на преземањето на конкретни мерки и рестрикции согласно одлуките на НАТО, ЕУ и ООН, како и јасната осуда на руската воена агресија врз сувереноста и територијалниот интегритет на Украина.

Во однос на потенцијалните предизвици по регионот и можно прелевање на кризата во регионот на Западен Балкан, беше потенциран ставот за неодложно преземање на конкретни чекори за одблокирање на процесот и почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија. Напорите на Скопје и Тирана за генерирање стабилност во регионот мора да биде препознато од Унијата.

Во таа насока е јасната и цврста определба на премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата со нивните бугарски колеги за изнаоѓање на заемно прифатливи и достоинствени решенија со цел надминување на отворените прашања со цел градење на пријателски односи со Бугарија, кои нема за задираат во идентитетот на нашата држава.

Амбасадорката Јури Ким истакна дека САД се во постојан контакт со македонските официјални претставници.

© Македониум