Француската амбасадорка Барсак: Албанија и Македонија не треба да се одвојуваат на патот кон ЕУ

Француската амбасадорка во Албанија, Елизабет Барсак земјата која на 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Европската Унија, истакна дека не треба да има поделба во процесот на европска интеграција меѓу Албанија и Македонија, иако „Скопје е заложник на бугарско вето“.

Во своето интервју за Еуроњуз Албанија, таа вели дека желбата за раздвојување на двете земји доаѓа од фрустрацијата поради ветото на Бугарија за Македонија.

-Верувам дека треба да ја надминеме идејата дека овие два народа можат да се разделат. Знам дека многумина велат дека овие две земји биле третирани како една и бидејќи работите не одат толку добро меѓу Македонија и Бугарија, тогаш тие треба да се раздвојат. Ова треба да се надмине и треба да дадеме се од себе за да може двете меѓувладини конференции да се одржат во исто време, изјави Барсак.

© Македонија