На границите меѓу Македонија, Србија и Албанија веќе ги нема фитосанитарните и ветеринарските инспекции

Од денеска на границите меѓу Македонија, Србија и Албанија ги нема фитосанитарните и ветеринарските инспекции, затоа што трите земји ги усогласија лабораториските анализи за прехранбените производи.

Ова значи дека храната што тргнува од Македонија кон Србија, не треба да биде контролирана и во Србија зашто претходно веќе била контролирана во Македонија.

Помеѓу земјите потписнички на Договорот, Македонија, Србија и Албанија, се разменети мониторинг планови за безбедност за храната и здравјето на животните.

© Македониум