Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) упати честитка по повод Новата 2022 година.
Во честитката стои:
Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) Ви ја честита Новата 2022 година, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба!
И во 2022 година, Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) ќе биде гласот на Македонците во Албанија, ќе продолжи со својата мисија за заштита на правата на Македонците и за подобрување на условите за живот и работа на оваа заедница и ќе бидеме суштински фактор во етничкиот соживот за развиена и европска Албанија.
Среќна Нова 2022 година!
© Македониум