Славко Калфа прогласен за почесен граѓанин на Билишта

Познатиот доктор по радиологија, Славко Кристо Калфа, по потекло од селото Врбник, прогласен е од Советот на општина Билишта за “Почесен Граѓанин” на Билишта.

Ова признание го доби како резултат на посветеноста и хуманоста што ја има покажано за време на неговата работа.

Г-дин Славко Калфа и г-дин Валтер Миза Градоначалник на Општина Билишта

Г-дин Славко Калфа и г-дин Валтер Миза Градоначалник на Општина Билишта


Во својот говор, др.Славко Кристо Калфа, заблагодарувајки се на Советот на општина Билишта рече: „Признанието не е само за мене туку и за Македонците од село Врбник“. (Македониум)