Мехмет Хоџа е роден во 12 фебруари 1937 година во село Пакиша, во областа Гора. Основнот училиште завршил во Запот, средно во педагошко училиште во Тирана, дипломирал на историја и географија на Универзитетот во Тирана, има завршено и Академјата за уметности осек режија и глума во Тирана.
Тој станува активен во организирањето на Македонците особено по падот на диктаторскиот режим во Албанија, во 1990 година. Активен е во политичо културно друштво “Гора” здружение на Македонците од областа Гора во Албанија, претседател е на Заедницата на Македонците во Албанија и член на раководството на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.
Мехмет Хоџа на македонски јазик има објавено неколку книги, разкази и репортажи „Македонските Горани во Албанија“, “Македонски горански песни”, “Лилјаните од Коритник”, со разкази со мотиви од областа на Гора. Во книгата се пишува дека горанците зборуваат како и преспанците, на македонски, а навиките, обичаите, традициите и културата на Гораните е традиционално македонска. (Македониум)