Стерјовски и на средба со Шутц побара загарантирани пратенички места за малцинствата во албанскиот Парламент

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интегрција (МАЕИ) со координторката на пратеничката група „Демократи”, Рудина Хајдари во просториите на албанското Собрание оствариле средба со амбасадорката Сузана Шутц, одговорна во Федералната канцеларија за југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во Министерството за надворешни работи на Германија и заменик амбасадорот на Германија во Албанија, Јоханес Дитрих.

Според Стерјовски, амбасадорката Шулц истакнала дека Германија ќе се заложи за брз почеток на преговорите за членство на Албанија и Македонија во ЕУ.
Таа побарала од Албанија да продолжи со реформите особено во правосудниот сектор, професионална и транспарентна јавна администрација, реформиран изборен законик како и да се интензивира борбата против корупцијата и организираниот криминал.
– Од моја страна истакнав дека како пратеници од парламентарната опозиција ќе дадеме свој придонес во европската интеграција на Албанија подржувајќи ги сите реформи кој се во интерес на сите граѓани.Посебно потенцирав дека со изборната реформа мора да има загарантирани претенички места за малцинствата во албанското Собрание,изјави Стерјовски за МИА.
Тој и претходно од собраниската говорница, но и на средби со домашни и меѓународни претставници и како член на Парламентарната комисија за надворешна политика има побарано загарантирани места за малцинствата во албанскиот законодавен дом,според примерот на други земји.
Стерјовски е дел од група „Демократи”, но како пратеник од МАЕИ.
Инаку, во Албанија во тек е подготовка на нов изборен законик, во кој Стерјовски верува дека ќе се најде неговото барање што е подржано и од претствниците на другите малцинства. (Македониум)