Општина Булќиза започна со работа на патот што го поврзува селото Лешничани, областа Голо Брда. Ова е прв пат да се инвестира во овој пат од пропаѓањето на тоталитарниот режим. Има 40 семејства и околу 240 жители кои ќе имаат корист од овој проект на Општина Булќиза.
Инвестирањето во областа Голо Брдо е од витално значење за жителите поради географската положба што ја има областа Голо Брдо. Должината на патот е 4 км покрај проширувањето на патот ќе се изградат, странични канали, подлоги и слоеви на асфалт. Во областа Голо Брдо, распослани се 22 села, населени со Македонци. (Македониум)