МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ГО ОДБЕЛЕЖАА ВЕЛИГДЕН

Во духот на македонските обичаи и традиции, разменувајки желби за здравје, среќа, мир и благосостојба, голем број Македонци присуствуваа во црквите во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, како и во градовите Корча, Билишта, Поградец, Елбасан и Тирана.

sulin
На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосвера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.
Како и секоја година и ова година за Велигден, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Христовото воскресение. (Македониум)