Дипломи за децата - учесници на курсот по македонски јазик во Корча, Албанија

Македонскиот културен центар “Сонце” од Корча, го организираше петмесечниот курс по македонски јазик. На завршната манифестација - свеченото доделување на дипломите на децата кој што го посетуваа курсот, присуствуваа родителите на децата, како и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов, кој им ги подели дипломите.

korca_makedonski_kursevi_1
Курсот го посетуваа 17 деца од различна возраст од македонската заедица од градот Корча. Тие ја учеа македонската азбука врз основа на програмата изготвена од страна на Валентина Нестор, лектор по македонски јазик на Универзитетот во Тирана.
Настанот започна со пеење на македонската национална химна и продолжи со рецитирање на стихотворби и македонски песни од страна на децата.
Во името на Македонскиот културен центар “Сонце” зборуваше и се заблагодари Васил Стерјовски,кој посебно го нагласи покажаниот интерес за изучување на македонскиот јазик, истакнувајќи дека курсот имаше првенствена цел зачувување на македонскиот јазик и самобитност.
Vasil Sterjovski
- Сите деца што го посетуваа курсот по македонски јазик тука во Корча знаат да зборуваат на македонски јазик, затоа што доаѓаат од македонски семејства. Бидејки во образовниот процес немаат право да го изучуваат македонскиот јазик, преку овој курс децата учат да читат и пишуваат на македонски јазик, како и да се запознаат со македонската историја, култура и наследство – истакна Стерјовски.
Амбасадорот на Република Македонија во Албанија, Стојан Карајанов ја искористи приликата да им се заблагодари на децата, потоа на активистите од Мкедонскиот културен центар “Сонце” како и на учителката Аделина Дума за хуманата мисија и посветеност.
korca_makedonski_kursevi_3
- Сите сме горди што имаме свое облежје, да го чуваме и негуваме македонскиот јазик затоа што е еден од столбовите на македонскиот идентитет и интегритет – истакна амбасадорот Карајанов. (Македониум)