“Да живееш без ништо”, репортажа на Топ-Чанел за селото Врбник, македонско егејско село во Албанија

“Да живееш без ништо”, репортажа на Топ-Чанел за селото Врбник, македонско егејско село во Албанија
Албанската национална телевизија Топ-Чанел емитуваше репортажа за македонското егејско село Врбник, кое се наоѓа на југоистокот на Албанија на граница со Грција.
Vrbnik
Жителите се жалат поради лошите услови за живот. Патот што го поврзува селото Врбник со градот Билишта во должина од 5 км не е асфалтиран. Вода за пиење полнат од две чешми кој се изградени во 1928 година.
Селото порано имало 500 жители, но поради лошите услови за живот повеќето жители го напуштиле селото и денеска живеат околу 100-на жители.
“Сигурно дека селото имаше културен центар, имаше и една фолклорна група која настапуваше на фестивали, имаше училиште со двe паралелки, имаше амбуланта.....денеска тие се претворени во урнатини, толку што е тешко да ги познаеш што биле порано.
Врбник е познат од порано дека е населен од македонско малцинство, но ова незначи дека тие треба да се остават без никаква подршка, како да живеат во друг свет” – стои во репортажата на Топ-Чанел. (Македониум)