Започна реконструкцијата на централниот плоштад во селото Пустец, Општина Пустец

Од пред два месеци во с.Пустец, Општина Пустец започна реконструкцијата на главниот плоштад.
1

Плоштадот се наоѓа во близина на црквата "Св.Архангел и Михаил ". Овој проект, кој се финансира од Албанскиот фондот за развој изнесува 29.097.058 леки.

2

Проектот предвидува поплочување со плочки на плоштадот, изградба на канализација за отпадните води, поставување на столици, засадување на дрва и зеленило како и изградба на фасади за околните објекти.

Реконструкција на плоштад, се очекува да биде завршена во рок од пет месеци. (Македониум)