Монографија за големиот македонски патриот од Голо Брдо Цветан Мазнику

Одбележувајќи ја првата годишнина од смртта на Цветан Мазнику неговите пријатели и соработници Павли Никола, Митре Шутку и Вита Која, несебично се вложија и подготвија монографија за големиот македонски патриот Цветан Мазнику.

Cvetan Mazniku
Значајно е да се нагласи дека авторските дела на корифејот на движењето за зачувување на етничките црти на македонското национално малцинство во Албанија, Цветан Мазнику, беа и ќе останат патоказ за идните генерации на Македонци во Албанија, за нивното минато, нивните корени, нивните идни патишата.
Со своите дела, Цветан Мазнику си обезбеди место сред плеадата значајни македонски дејци, собирачи на македонското културно наследство, обработувачи на народната песна и народните умотворенија пренесувани од генерација на генерација македонски жители во Албанија.
Преку текстот во ова монографија идните генерации припадници на македонското национално малцинство во Албанија ќе можат да го запознаат ликот и делото на великиот Цветан Мазнику. (Македониум)