Прв македонски фолклорен фестивал “СОНЦЕ 2015” во Корча

Македонскиот Културен Центар “СОНЦЕ” од Корча, по повод големиот македонски празник 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, организира во Корча, Албанија, Македонски фолклорен фестивал “СОНЦЕ 2015”.
Basic CMYK
Фестивалот ќе се одржи во театарот “Андон З.Чајупи” во Корча на 23 октомври со почеток во 18.00 часот.
На фестивалот ќе настапат четири македонски фоклорни групи од Албанија од областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Од Пиринска Македонија ќе настапи македонската фолклорна група “Разлошки мераци” на друштвото “Пирински Глас” од Разлог и од Република Македонија ќе настапи ансамблот “Македонија” од Скопје.
На фестивалот ќе бидат изведени изворни македонски народни песни и ора од македонските простори. (Македониум)