ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО АЛБАНИЈА: МАКЕДОНЦИТЕ ДОБИЈА ЕДЕН ГРАДОНАЧАЛНИК И ДЕВЕТ СОВЕТНИЦИ

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција на локалните избори во Албанија кои се одржаа на 21 јуни, освои едено градоначалничко место и девет советнички.

 
pustec-maei
На општина Пустец по третпат градоначалник ќе биде Едмонд Темелко. Исто така во оваа општина Македонска алијанса освоени и 7 советнички места.
„Има уште многу проблеми што треба да се решаваат во наредниот период, а кои се впишани и во изборната програма на Макеонска алијанса за европска интеграција, како што е инфраструктурно поврзување на Пустец , изградба на нови училишта и целосно довршување на локалната канализациска и водоводна мрежа“, изјави градоначалникот Едмонд Темелко.
Македонската партија исто така ќе има и советник во советот на општина Поградец и советник во општина Малиќ. Од партијата се задоволни од постигнатите резултати кои ја покажаа потребата од обединување и учество на Македонците на изборите преку етнички македонски партии, а не преку албанските.
Во Корча кандидат на партијата не освил мандат за само неколку гласови, а проблеми со броењето на гласовите на партијата имало и во Билишта, Каваја, Голо Брдо, Елбасан.
,,Партијата нема членови во комисиите каде се бројат гласовите. Како и претходните избори и на овие избори е забележано како членовите на комисиите од поголемите албански партии, гласовите на Македонска Алијанса ги бројат за нивните партии. Не станува збор само за македонската партија. Сите помали партии го имаат истиот проблем“, вели генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски.
Партијата на овие избори освои повеќе гласови на државно ниво од минатите. (Македониум)