Општина Пустец го одбележа Денот на македонските просветители Светите Кирил и Методиј

На 25 мај 2015 година, во Пустец во организација на општина Пустец и на Музејот на македонската борба беше отворена филателистичка изложбаСветите браќа Кирил и Методијсесловенски просветители.

Ова е прва филателистичка изложба од Македонија што гостувала во Албанија. Изложбата, предизвика голем интерес кај повеќе од стотина присутни и е дел од активностите за одбележувањето на 24 Мај меѓу Македонците што живеат во овој дел на Албанија.

На отворањето на изложбата говореа директорот на Музејот на македонската борба Бранислав Светозаревиќ, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, писателот од регионот Мала Преспа Спасе Мазенковски, а поетесата Виолета Сековска читаше делови од „Црноризец Храбар“ на старословенски јазик. (Македониум)