Предавање на министерот Попоски пред студентите од етничките територии на Македонија и дијаспората

Министерот Попоски, на 29.11.2012 година, во просториите на Министерството за надворешни работи одржа предавање пред студентите од етничките територии на Македонија (Албанија, Грција, Бугарија, Косово) и дијаспората, кој студираат во Република Македонија.

Министерот Попоски, им посака добредојде на младите студентите и изрази задоволство од нивниот интерес да го стекнат своето високото образование на некои од факултетите во Република Македонија. „Убеден сум дека студирањето на македонските универзитети претставува неограничена прилика за младите студенти од дијаспората да бидат отворени и да ги истражуваат можностите за професионално и академско усовршување во земјата од која потекнуваат, да воспостават директни контакти и да работат заеднички во креирањето на посилна македонска нација.“- пренесе министерот.

 

Попоски пред студентите нагласи дека преку нивното студирање во Македонија се пружа можност тие директно да допрат до начинот на живот, размислување и работење во државата и подлабоко да ги осознаат вредностите на нашата земја. Со тоа ќе се развие и свеста за нашето постоење и ќе се помогне во градењето на националниот и културниот просперитет во земјите од соседството.

 

Предавањето беше организирано во рамки на проектот на Владата на Република Македонија која обезбедува стипендии за студенти од етничките македонски територии за студирање на факултетите во Македонија.

Во Република Македонија студираат околу 200 македонски студенти од Мала Преспа, Гора, Голо Брдо како и од повеке градови од Албанија каде што живеат Македонците.

Студентите имаа можност да ја разгледат новата зграда на Министертвото за надворешни работи, како и го посетија Музејот на македонската револуционерна борба. (Македониум)