Македонската Алијанса ја поздравува коалицијата помеѓу Социјалистичка партија и Македонската Алијанса за Европска интеграција

Македонската Алијанса ја поздравува коалицијата помеѓу владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама и Македонската Алијанса за Европска интеграција, предводена од Едмонд Темелко.

Со оваа коалиција уште еднаш се докажува влијанието и капацитетот на Македонците во Албанија кои претставуваат фактор во општеството.

Ова се многу важни моменти во развојот на Македонците во Албанија, историски моменти што навистина ќе се паметат и македонскиот народ ќе може да ја  искористи својата можност повторно да гласа за своја Македонска партија.

Јас лично верувам дека на овие избори Македонците од Пустец повторно ќе добијат свој градоначалник и убеден сум дека ќе постигнеме максимализација на бројот на советници во сите општини во Албанија.

Битката за остварување на нашите вековни стремежи за обезбедување на достоинствен живот за Македонците кои живеат надвор од границите на Републиката продолжува, бидејќи со коалицирањето со владејачката партија ќе изградиме пат за унапредување на основните човекови права и демократски слободи на Македонците во Албанија, ќе можеме да основаме  Македонски културни центри, фолклорни групи, програма на Македонски јазик на државната телевизија, правична и пропорционална застапеност во државните институции, стипендии за Македонските студенти, достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик, а со тоа ќе изградиме силна и економски просперитетна Татковина – стои во соопштението на Македонска алијанса потпишано од претседателот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. (Македониум)