Со настапи во Корча и Пустец, Дуото Рибарски- Кирил и Милица Рибарски ја одбележаа 35- Годишнината од својата концертна дејност.

На 4 септември 2012 година, во културниот дом “Ванѓуш Мио” во Корча,  ДУО РИБАРСКИ -Милица Шперовиќ Рибарски, пијано и Кирил Рибарски, тромбон, во Корча, одржаа  концерт за клисична музика.

Љубителите на музиката во Корча имаа можност да присуствуваат на прекрасната изведба на Кирил Рибарски, еден од најпознатите македонски и светски тромбонисти, за кого велат дека е Паганини на тромбон. Тој, во придружба на својата сопруга Милица Шперовиќ-Рибарски, ги изведе “Танц на огнот” од Де Фаља, “Хабанера” од Морис Равел, “Соло Мио” и др. Милица Шперовиќ-Рибарски ги изведе “Врата вино”, “Огномет”, Фантазија импромити оп.66, цис-мол, од Ф.Шопен и др.

Од концертот во Корча

 

Како гостин на концертот настапи и Емил Рибарски, пијано со Етида оп.10 бр.9 во еф-мол од Ф.Шопен и Етида оп.8 бр.2 во фис-мол.

Корчанската публика беше водушевена од настапот на Дуото Рибарски кој уште еднаш покажаа дека се вистински амбасадори на Македонија.

Исто така, на 5-ти септември 2012 година Дуото Рибарски настапи во Пустец, Мала Преспа во рамките на чествувањето што општина Пустец го  организираа по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Од концертот во Пустец

Концертот се одржа во просториите на Гимназијата “Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски” во Пустец, каде освен настапот на Кирил Рибарски, тромбон и Милица Шперовиќ Рибарски пијано, настапи како гостин и Емил Рибарски, пијано.

Ова е втор концерт за класична музика во Пустец. Првиот концерт се одржа пред четири години каде и тогаш настапија Кирил Рибарски и Милица Шперовиќ Рибарски по повод прославата на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Од концертот во Пустец

Оваа година ДУОТО РИБАРСКИ ја одбележува 35- Годишнината од својата концертна дејност.

Дуото Рибарски, Кирил Римбарски тромбон, и Милица Шперовиќ-Рибарски пијано, формирано е во 1977 година. Досега настапувале во триесет земји на Европа, Азија Северна и Јужна Америка во најпознатите музички центри како Париз, Виена, Рим, Москва, Лондон, Брисел, Њујорк, Монтреал, Прага, Краков, Шангај, Бело Џоризонте, Рио Де Жанеиро, Токио. (Македониум)