Локалнo ски првенство, Шиштавец 2015

Регионалниот совет на Кукс во соработка со Општина Шиштавец  со поддршка на Рафајзен банка и неколку локални фирми, четврта година по ред организираше локално ски првенство во Шиштавец, областа на Гора.

Првиот ден, гостите се запознаа со локалните јадења, туристичките потенцијали на Шиштавец како и за важноста што скијањето го има за развој на оваа област.


Додека вториот ден, се одржа ски првенството каде учествуваа скијачи од 5 тимови, 4 тимови од oпштина Шиштавец и еден тим од Корча, според овие старосни групи: до 10 години, 10 -17 години и од 17 години нагоре  за момчиња и девојчиња .

 

На ова активност учествуваа и спортисти од екстремните спортови, како падобранци и велосипедисти. Падобранците обезбедија спектакал изведувајќ падобрански летови за време на скијачкиот шампионат, додека велосипедисти на велосипед се вратија од Шиштавец за Кукс.


На крајот на активноста,  награди добија најдобрите скијачи во трите групи.


Поканети на ова активност беа претставници од Префектурата на Кукс, Градскиот совет на Кукс, експерти за туризам, спортисти, претставници на здруженија, бизнисмени и жители од областа на Гора. (Македониум)