Украдена камбаната во црквата “Свети Василиј” во Леска, Преспа

ПРЕСПА – Непознати сторители ја ограбиле црквата “Свети Василиј” во село Леска во општина Пустец. Инцидентот се случил пред два дена, додека крадците ја одзеле од овој објект камбаната и уништија неколку икони внатре во црквата.

Отец Алексо за весникот Македониум изјави дека ова е петти пат како се ограбува   црквата “Свети Василиј” и никогаш не се најдени крадците и ја повика полицијата да преземи мерки за пронаоѓање на крадците.

Црквата “Свети Василиј” во село Леска е изградена во XVIII век. (Македониум)