Православните христијани во Албанија го слават Божик, Стерјовски му честита на корчанскиот митрополит Јован

По повод големиот христијански празник Раѓањето ХристовоБожик,  во Корча, Албанија, на 25 декември 2014 година, Корчанската митрополија, организираше традиционален прием.

Покрај бројните гости, пратеници, преставници на разни институции и политички партии од Корча, на ова церемонија учествуваше и генералниот секретар на  Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски кој на корчанскиот митрополит г.Јован му го честита празникот и му посака добро здравје, радост и среќа.

Корчанската митрополија, во областите каде што живее македонската заедница во Корчанскиот регион, дозволува богослужба и други верски обреди  на македонски јазик. (Македониум)