Министерот Чучи избегна да им одговори на Македонците за Голо Брдо и Гора

Министерот за локална самоуправа на Албанија, Бленди Чучи на средбата во Корча со претставници на локалните институции околу законот за административно територијалната поделба, избегна да одговори на делот од прашањето на Македоцните за Гора и Голо Брдо. Но затоа се пофали дека е радосен што на Пустец, повторно  не му е вратено наметнатото име во седумдесетите години, Лиќенас, за што бил многу загрижен.  

-Македонската заедница во Албанија уште на почетокот ја подржуваше територијалната-рефорама бидејки Владата тврдеше дека за малцинаставата ќе има посебни критериуми и тие општини каде што малцинствата се мнозинство нема да се укинуваат. Но на крајот овие посебни критериуми се спроведоа само за македонската заедница која што живее во општина Пустец, во Корчанскиот регион каде не се укина општина Пустец. За жал на македонската заедница која што живее во голем број во областите Голо Брдо и Гора им се укинаа општините, прекршувајќи ги така меѓународните конвенции за заштита на малцинствата – се обрати до Чучи, Васил Стерјовски, генерален секретар на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

На ова констатција на Стерјовски, Чучи избегна да одговори, туку се задржа на барањето на Македонците, општина Пустец да се преименува во општина Преспа, барање поткрепено со фактот дека Пустец е само едно од девете села на областа Преспа.

-Ако има подрачје кое не го опфати територијалната реформа тоа е општина Пустец. Ако има некоја заедница која е фаворизирана, ќе ја наречам фаворизирана гледајќи ги другите територијални реформи што се прават во регионот, верувам дека тое е општина Пустец, - рече Чучи.

Според него, што се одесува до барањето, општина Пустец да се преименува во општина Преспа, Преспа било несоодветно, зашто имало Голема Преспа, Мала Преспа.

-Имам впечаток дека ова подоцна ќе иницираше залудни дебати. Во меѓувреме името Пустец е име што самата заедница го побара. Ние го викавме Лиќенас додека на ваше барање е сменето во Пустец. Јас ќе бев загрижен ако повторно му се вратеше името Лиќенас, изјавил Чучи.

Тој ја поздрави одлуката на Уставниот суд кој ја одби жалбата на опозицијата за укинување на законот за административна поделба и ја повика опозицијата да придонеси за територијалната реформа со цел Албанија да има ефикасна локална самоуправа.

Вера Тодоровска