ДА ЈА ИСЧИСТИМЕ ПРЕСПА ВО ЕДЕН ДЕН

На иницијативата за чистење на Албанија, како дел од проектот кој се спроведува во над 100 земји, се приклучи и националниот парк Преспа, и учениците од училиштата во Преспа .

Во Преспа, под слоганот “Да ја исчистиме Преспа во еден ден”, администрација на Националниот парк Преспа, заедно со учениците од гимназијата “Митре Колевски и Трајан Ѓорѓиовски” во Пустец, и  деветолетното училиште “Отпорот на Горичени”, превзедоа  акцијата за чистење на Преспа во еден ден.

Со ова сензибилизирачка акција, во еден ден се исчистија местата определени од страна на Националниот парк Преспа, како и местата определени за собирање на отпадот. (Македониум)