Поетесата Виолета Сековска, се претстави во Корча

Вчера во Градската библиотека “Тими Митко” во Корча, Албанија, македонската поетеса Виолета Сековска, во соработка со Македонскиот културен центар “СОНЦЕ” од Корча се претстави со поетско-музички перформанс “Со љубов за Македонија“.



На настанот присуствуваа Македонци од Корчанскиот регион, амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов, албански поети од друштвото на писатели “Новиот Свет”, претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко и др.

Домаќин и водител на програмата беше Васил Стерјовски, активист од редовите на македонската заедница во Албанија.

 

Со свои рецитации на македонски јазик настапи поетесата Виолета Сековска, а препев на албански јазик од нејзини стихотворби читаа албанските поети од Корча,  Аријан Калчо и Џенсила Мираши.

Музички варијации со тамбура и кавал изведе Оливер Настовски, а за поетесета Сековска зборуваше Горан Анчевски, член на Друштвото на писателите и поетите на Македонија. Настанот го поздравиија претседателот на друштвото на писатели “Новиот Свет”, Али Брегу како и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија Стојан Карајанов. (Македониум)