Денот на независноста на Република Македонија пригодно одбележан во Албанија

На 8 септември, по повод Денот на независноста на Македонија, во Албанија се одржаа  пригодни свечености.

Во Општина Пустец беше организиранa богата културно-уметничка програма на која настапи фолклорното друштво КУД “Пере Тошев” од Прилеп.

Амбасадата на Република Македонија во Албанија ја одбележа 23-годишнината на самостојна Македонија во хотелот Тирана Интернатионал во Тирана.

На дипломатскиот прием, присуствуваа повеќе министри во Владата на Република Албанија, Амбасадори и членови на дипломатскиот кор, како и претставници на македонското национално малцинство во Република Албанија. (Македониум)