Охрид е домаќин на „Денови на Европа“

Веќе повеќе од пет децении, фестивалот Охридско лето, еден од најстарите уметнички фестивали на Балканот и во Европа, е културен мост меѓу Европа и Балканот. Илјадници европски уметници, музичари и глумци учествуваат на вечерите на ЕУ и изведуваат за публиката од регионот во Охрид секоја година.

Елизабета Јанкуловска, директор на фестивалот Охридско лето, вели дека целта на проектот е да се развие концептот за култура во европските програми и да им помогне на македонските уметници да ја претстават својата работа во Европа и во светот.

„Се обидуваме да реализираме проекти преку кои носиме меѓународни уметници и ги поврзуваме со мекедонски изведувачи“, рече Јанкуловска за SETimes. „Исто, реализираме проекти во кои македонски уметници изведуваат странски дела. Тоа е нашиот план и за Охридско лето, да ги промоивираме македонската култура, нејзината музика и македонскиот театар, надвор од нашите граници“.

Фестивалот кој оваа година собра 900 уметници од Европа, е член на Европската асоцијација на фестивали. Драгиша Чуркуз, основач на белградскиот театар „Ѕвездара“, рече дека фестивалот е важен за претставување на регионалната работа и за промовирање на уметниците од Балканот.

„Глумците од Балканот се многу талентирани и имаат што да му покажат на светот“, рече Чуркуз за SETimes. „Сметам дека фестивалот Охридско лето е одличен фестивал и нема сличен фестивал во регионот. Во мала земја како Македонија, многу е важно да се има таков фестивал за државата и за регионот“.

Мики Трајковски

Превземено од [SETimes]