Летен камп по македонски јазик во Каваја за Македонците од Албанија


Во организација на Македонска заедница од Албанија, од 27 август до 2 септември 2012 година се одржува летен камп по македонски јазик на море во Каваја, Албанија.  На кампот учествуваат деца од повеќе региони од Албанија како што се Гора, Голо Брдо, Тирана, Драч, Елбасан и Каваја.  Кампот го посетија 60 ученици од овие региони.

Кампот имаше за цел изучување за пишување на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и меѓусебно запознавање на децата кој доаѓаа од различни региони.

Наставата во кампот ја изведуваат  професор по македонски јазик од Македонија, Драгица Јосифовска како и наставници по македонски јазик од Албанија кои извршуваат македонски курсеви во повеке региони во Албанија.

Според Аднан Ќејвани од Македонската заедница во Албанија, македончињата од овие региони кои ја посетија наставата покажаа голем интерес во обуката за пишување и читање на македонскиот јазик кој е нивни мачин јазик.

Од Македонската Заедница во Албанија тврдат дека овој летен камп ке се одржува секоја година во разни градови низ Албанија.

Во Албанија право на изучување на македонискиот јазик до основно оделение имаат само македонските деца во областа Мала Преспа, додека ова право не му се овозможува на македонските деца во Голо Брдо и Горо како и македонските деца кои живеат во градовите во Албанија.(Македониум)