Општина Пустец нападната од скакулци: Министерството за земјоделие започна со дезинфекција

Жителите на општина Пустец, мака мачат со скаклуците кој веќе неколку години има нанесуваат големи штети пред се на жителите на селата Горна и Долна Горица и Туминец уништувајќи ги нивните производи.

Појавата на скакулците ова година за прв пат ги стави во движење надлежните институции да превземат конкретни чекори за дезинфекција.

Министерството за земјоделие изготви план за прскање на површините заразени со скакулците со цел нивно истребување, кое се претвори во ноќна мора за жителите.

Првиот чекор за дезинфекција се превзеде во Туминец, каде личо дојде и министерот за земјоделие Едмонд Панарити кој пред медиумите изјави дека и  оваа година посевите во оваа област се изложени на ризик од инсекти, но “Нашата стратегија ќе се базира главно на превенција со прскање со препарат кој е многу ефикасен, но исто така е и еколошки. Ние мора да внимаваме да се бориме против инсектите, но исто така да ја заштитиме и животната средина од употребата на инсектициди кои можат да имаат влијание врз животната средина. Овој препарат кој се користи е повеќе еколошки, и е регистриран во американаската агенција за животна средина “- изјави Панарити.

Од пред 4 години жителите на селата Горна и Долна Горица и Туминец не успеваат да земат било како производство, како резултат на штетата предизвикана од скакулците. (Македониум)