Семакедонско чествување во Корча по повод Денот на македонските и сесловенските просветители свети Кирил и Методиј

По повод Денот на македонските и сесловенските просветители свети Кирил и Методиј и во организација на Македонскиот културен центар „СОНЦЕ“, на 24 мај во просториите на Библотеката „Тими Митко“ во Корча со почеток во 12.00 часот ќе се одржи семакедонско чествување, посветено на македонското движење во Пиринска Македонија.

На семакедонското чествувањето, македонски активисти од Пиринска Македонија ќе говорат за македонското движење во Пиринска Македонија и за правата на Македонците во Бугарија, додека македонскиот амбасадор во Албанија, Стојан Карајанов, ќе одржи предавање за македонските и сесловенските просветители свети Кирил и Методиј пренесува весник Македониум.

На семакедонското чествување ќе присуствуваат македонски активисти од Албанија, Егејска Македонија, Пиринска Македонија и Република Македонија. (Македониум)