Се уништува патната сигнализација во Општина Пустец

Во општина Пустец веќе подолг период се уништуваат патоказите на населените места кој се на два јазици, македонски и албански. Несовесни граѓани, прво ги бришеа буквите на патоказите, а сега веќе сосема и ги уништуваат патоказите.

Уништената патна сигнализација во општина Пустец

Уништената патна сигнализација во општина Пустец


Пред некој ден целосно е уништен патоказот кој го покажуваше патот за Пустец, Зрноско и Церје и кој се наоѓаше на патот Горица-Корча, кај месноста “Мочкало”.

Општина Пустец треба да преземи мерки да ги обнови уништените букви на патоказите на населените места, кој подолг период се уништени и да постави нов патоказ кај месноста “Мочкало”, бидејќи посетители и туристите кој доаѓаат за прв пат во Мала Преспа, често, претходно кога немаше патоказ на ова место го промашуваа патот за Пустец и заминуваа за Корча.

Пред три години општина Гази Баба на општина Пустец му донираше 9 патокази, табли за деветолетките, болницата, здравствениот дом и гимназијата, 56 табли за улици и 11 плоштади во девет населени места во општина Пустец. (Македониум)