Албанската влада инвестира 100 милиони долари, За Пустец нема пари

Албанската влада го најави проектот Урбана Преродба преку кој ќе се подржат проекти на целата територија на Албанија од север до југ, опфаќајќи повеќе градови како и туристички места.

Целта на овоj проект е развивање на центрите на окрузите, но и развивање на туристичките области. Од буџетото на Албанија предвидени се 100 милиони долари за подршка на овој проект.

Општина Пустец, иако е прогласена за туристичко подрачје, каде се наоѓа Преспанското езеро и Националниот Парк Преспа, нема да добие ниту еден проект, иако за подобрување на условите за живот и развој на туризмот во општина Пустец потребни се изградба на водоводи и канализации во повеќето села во општина Пустец, асфалтирање на локални патишта како и уредување на плажи на брегот на Преспанското езеро. (Македониум)