Македонскиот амбасадор во Тирана, г-дин Стојан Карајанов ја посети Општина Корча

Градоначалникот г-дин Сотираќ Фило и неговите соработници остварија средба со македонскиот амбасадор во Албанија, г-дин Стојан Карајанов.

 

“Корча е прекрасен град, гостопримлив со која меѓу другото, ме поврзува еден убав спомен, бидејќи во 1980 година како новинар бев во овој град, каде и ја добив радосната вест за раѓањето на мојот син. Ова е уште една причина зошто имам силна врска со Koрча”, – рече амбасадорот Карајанов на почетокот на состанокот. После тој продолжи: “Односите меѓу Македонија и Албанија се постојано на високо ниво врз основа на взаемен интерес за соработка во сите области. Неодамна се направија значајни чекори во правец на развој на соработката, но сеуште мислам дека има простор за нова соработка и во областа на туризмот, уметноста, економијата , итн”, – истакна амбасадорот Карајанов.

 

Од друга страна градоначалникот Фило рече, “досега двете земји имаат многу добра соработка во промовирањето на културните и уметничките вредности, како што е и преставувањето, веќе неколку години, на карневалите на Корча на фестивалите на Карневали во Прилеп и Струмица, каде што и неколку пати се наградени. Македонската заедница, е мост меѓу двете земји. Двете земји имаат што да си дадат една на друга во многу области и повеќе во областа на туризмот, со оглед дека се две соседни земји. За ова ние сме отворени за соработка со конкретни проекти што ќе придонесат за натамошен развој на односите меѓу Албанија и Македонија “- рече Фило.

 

Амбасадор Карајанов му ја пренесе на градоначалникот Фило, поканата од градоначалникот на Прилеп за посета на Прилеп и да се види можноста за збратимување меѓу двата града.

 

 

Македонскиот амбасадор во Албанија, г-дин Стојан Карајанов во посета на редакцијата на Регионалниот Весник “КОРЧА”

Македонскиот амбасадор во Тирана, г-дин Стојан Карајанов за време на неговиот престој во Корча, ја посети и редакцијата на независниот регионален весник “Корча”, каде беше пречекан од страна на уредникот на овој весник г-дин Вехби Фурџи и членовите на редакцијата.

 

Издавачот на весникот “Корча” Вехби Фурџи, го запозна амбасадор Карајанов за регионалниот независен весник “Корча”, како еден од првите весници во плуралистичка Албанија, чиј прв број беше издаден во декември 1992 година, продолжувајќи без прекин до денешно време.

Амбасадор Карајанов од негова страна ја оцени посветеноста на работата на издавачот Вехби Фурџи како и на редакцијата и ги охрабри да продолжат да работат со истата посветеност.

На средбата се согласија за медиумска соработка меѓу здружението на независни новинари “Корча” и здруженијата на македонските новинари. (Македониум)