Во Корча ќе се промовира книгата “Сто години копнеж” од охридскиот писател Мишо Јузмески

Во Корча, во организација на Македонскиот културен центар “СОНЦЕ”, на 8-ми февруари 2014 година, во просториите на Библотеката “Тими Митко”, со почеток во 12.00 часот ќе се одржи промоцијата на книгата “Сто години копнеж” од охридскиот писател и публицист Мишо Јузмески.

На промоцијата, Тоде Илиевски ќе зборува за целокупното книжевно творештво на Мишо Јузмески, М-р Лидија Размоска ќе ја претстави книгата „Сто години копнеж“ , додека свое обраќање до присутните ќе има авторот на книгата, Мишо Јузмески. (Македониум)