Социјалистичките пратеници против буџетот на општина Пустец

Албанскиот парламент на 28 декември 2013 година со 82 гласови за, 27 против и без ниту еден воздржан го усвои нацрт-буџетот за 2014 година, кој не помина без дебата и дискусии меѓу пратениците од власта и  опозицијата.

Пратениците Башким Фино и Ерјон Браче

Пратениците Башким Фино и Ерјон Браче

Поранешниот социјалистички премиер, Башким Фино изрази резервираност во врска со нацрт-буџетот бидејќи според негои и овој буџет продолжува со превилегираниот третман во распределбата на средставта за некои општини:

"Општината Пустец која нема ниту две илјади жители, и на која во последно време му го сменивме и името, има дефиниран грант од 22 милиони леки. И Општина Малиќ која има осум илјади жители, ги добива истите средства." - рече Фино.

И Ерјон Браче пратеник од Социјалистичка партија во расправата на нацрт буџетот истакна дека општина Пустец која има половина од жителите на општина Малиќ зема повеќе средстава од истата.

Очигледно дека пратеникот Башким Фино свесно манипулира со бројката на населението на општина Пустец затоа што општината Пустец има 5260 жители.

Пратеникот Башким Фино беше и против враќањето на името на општина Пустец. Во расправата во законодавната комисија минатата година, изјави дека името Лиќенас подобро звучи од името Пустец. Откога беше притиснат од Еди Рама гласаше на седницата на парламентот за враќање на името на општина Пустец. (Македониум)